За датабазата

Датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите ги содржи одлуките по приговори за изборите од страна на Државната изборна комисија и пресудите по жалбите и тужбите од страна на Врховниот и Управниот суд. Датабазата е подготвена во рамките на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ.

Временскиот период кој го опфаќа датабазата е од 2008 г. (предвремени парламентарни избори) до 2014 г. (предвремени парламентарни избори). Сите одлуки и пресуди кои ги содржи датабазата се добиени преку канцелариско истражување на достапните вакви документи на интернет, како и преку доставување на барања за пристап до информации од јавен карактер до соодветните институции.

Секоја од одлуките и пресудите ги содржи основните податоци, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. Покрај овие основни податоци, дел од одлуките и пресудите се проследени со фактографски коментар на најважните аспекти од разгледувањето на приговорите, жалбите и тужбите, од кој може да се види како била водена постапката на одлучување за соодветната одлука/пресуда. Коментарите се подготвени од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Датабазата на одлуки и пресуди има за цел да им послужи на сите субјекти и чинители поврзани со изборите. На членовите на Државната изборна комисија и судиите во Управниот суд може да им послужи како референца при донесувањето на идните одлуки и пресуди. За истражувачите на изборите и изборните нерегуларности претставува одличен ресурс со кој може да се пребаруваат најпроблематичните избирачки места, најчестите нерегуларности, да се види начинот на одлучување на надлежните тела итн. Иако не е првенствено наменета за општата популација, сепак датабазата може да се користи и од сите заинтересирани граѓани.