Упатство за користење на датабазата на одлуки и пресуди по приговори, жалби и тужби за изборите

За користење на датабазата не е потребно да креирате кориснички профил. Датабазата може да се пребарува според следните критериуми:

  1. Избори
  2. Одлука по приговор
  3. Избирачко место
  4. Одлука за избирачко место
  5. Тип на приговор
  6. Забелешка во записник
  7. Увид во гласачки материјал
  8. Поништување по приговор од страна на ДИК
  9. Основ за поништување
  10. Жалба/Тужба
  11. Одлука по жалба/тужба
  12. Поништување – втора инстанца (Управен/Врховен суд)

Пример: За да одберете за кој тип на избори сакате да ги видите одлуките или пресудите, во категоријата Избори треба да кликнете на една од понудените опции за изборните процеси. Со кликање на соодветната опција го избирате соодветниот изборен процес за кој сакате да ги видите донесените одлуки и пресуди.

Датабазата содржи повеќе критериуми на пребарување. Пребарувањето може да го вршите само преку еден критериум или преку повеќе критериуми истовремено. Според тоа, доколку пребарувате само по критериумот Одлука по приговор, преку понудените алтернативи може да истражите кои одлуки се прифатени, делумно прифатени или одбиени од страна на ДИК. На ова пребарување можете да додадете уште неколку критериуми, како на пример Увид во гласачки материјал и Одлука по жалба/тужба. Во тој случај, може да утврдите не само каква е одлуката на ДИК по поднесениот приговор, туку и дали е извршен увид во гласачкиот материјал и каква е одлуката на судот, доколку има поднесено жалба или тужба.

Истото може да го направите со сите преостанати критериуми. Нема ограничување на бројот на критериуми со кои може да се пребарува.

Откако ќе ги одберете бараните критериуми, на дното од страницата може да ги видите одлуките и пресудите како резултат на вашето пребарување. Табелата се ажурира автоматски со селектирање на секој од критериумите, односно не е потребно кликање на дополнително копче за пребарување.

Покрај пребарувањето по критериуми, можете да вршите и поедноставно пребарување преку полето Барај.

Доколку имате дополнителни прашања или нејаснотии во врска со користењето на оваа база, слободно контактирајте нѐ.

Корисни кратенки:

  • ДИК – Државна изборна комисија
  • ОИК – Општинска изборна комисија
  • ИО – Избирачки одбор
  • ИМ/ГМ – Избирачко место/гласачко место
  • ИЗ – Изборен законик
  • ИС – Избирачки список
  • УС – Управен суд